ВМРО-ДПМНЕ инсистира Заев да објави што е договорено во Софија

Макфакс

23/06/2017

16:22

304

Големина на фонт

а а а

Остануваат уште 40-тина дена до потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, кое Заев го најави за Илинден, а никој во Македонија не знае што тој прифатил во Софија – изјави на прес-конефренција Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Заев во текот на изборниот период ветувал дебата и инклузивност за сите прашања, а сега гледаме како зад затворени врати, крајно нетранспарентно, одлучува за работи од суштинско значење за Македонија.

„Граѓаните на Република Македонија треба да знаат на што се согласил Заев во Софија. Тој изјави дека е договорено сè, освен еден мал сегмент кој ќе го утврдат со најобично кафе пиење, за на 2 август во Македонија да биде потпишан договорот. Заев од Софија кажа дека ќе брише делови од учебниците по историја. Тој треба да им објасни на македонските граѓани кои делови ќе ги брише и кој ќе одлучи што да се брише? Додека Заев ја обвинува Република Македонија за национализам, од многу страни доаѓаат изјави со кои се негираат македонската држава, јазик, култура и историја. Заев срамно молчи за изјавите дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, исто како што молчи и околу тврдењата дека суверена Македонија била творба на коминтерната. Заев и Владата молчат и кога се негира посебноста на македонската историја со апсурдни образложенија дека Македонија и Бугарија немале ниту заедничка историја, туку една иста. Ваквото однесување е недозволиво. Министерството за надворешни работи има обврска да ги штити македонските национални интереси“ – рече Димков.



Спонзорирани линкови

Маркетинг