Вучиќ ќе биде инаугуриран во нов претседател на Србија

Макфакс

23/06/2017

10:12

1.110

Големина на фонт

а а а

Во белградската Палата Србија вечерва ќе биде одржана свеченост по повод инаугурацијата на новиот претседател на Србија, Александар Вучиќ. На инаугурацијата своето присуство го најавија шефовите на држави и влади од регионот, од Европа и светот. Според српските медиуми, Вучиќ ќе биде домаќин на околу 5.000 луѓе.

В четврток, во Белград допатувале претседателот на Словенија, Борут Пахор, српскиот член на претседателството на БиХ Младен Иваниќ, потпретседателот на руската влада Дмитри Рогозин и потпретседателот на сталниот комитет на Секинескиот конгрес Џи Бингсјуен.

Денеска во српската престолнина ќе пристигнат македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик и премиерката Жеља Цијановиќ, претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, босанскиот член на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ. 

На инаугурацијата ќе бидат присутни и австрискиот канцелар и шефот на дипломатијата Кристијан Керн и Себастијан Курц, унгарскиот премиер Виктор Орбан, бугарскиот потпретседател и претставник на романската држава, како и претставник на Белорусија. 

Брисел потврди дека на свеченоста ќе биде присутен комесарот за проширување Јоханес Хан. 

Под покривот на Палата Србија заедно ќе се најдат и претставниците на НАТО и ОДКБ. Алијансата ќе ја претставува Роуз Готемилер, прв заменик на генералниот секретар, а претставник на ОДКБ ќе биде генералниот секретар на организацијата Јуриј Хачантуров. 

Во делегацијата на САД, која ја именуваше претседателот Доналд Трамп, ќе бидат помошникот државен секретар за Европа и евроазија Брајан Хој Ји, а во делегацијата ќе бидат и американскиот амбасадор во Србија Кајли Скот и директорот за Балкан, Црно Море и Кавказ во Советот за национална безбедност Марк Тарвакоски. 

Свечената инаугурација на Александар Вучиќ во Палатата Србија ќе почне во 18 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг