СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја изолираше Македонија

Макфакс

22/06/2017

19:32

689

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да внесува раздор преку својата политика на поделби, затвореност, тајност и манипулација и лажење на граѓаните, со што работи на директна штета на државните и интересите на граѓаните, се вели во писмената реакција на СДСМ, на прес-конференцијата на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ на која рече дека „никој во земјава не знае што точно договорил Заев во Софија, а веќе најавил дека договорот ќе биде потпишан на 2 август, откако ќе се усогласеле уште некои ситници“.

„Токму со таквата антидржавничка политика, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја поткопуваше меѓународната позиција на Македонија и ја изолираше од демократскиот и цивилизран свет. Граѓаните на Република Македонија имаа прилика да слушнат дека токму Никола Груевски тајно и далеку од очите на јавноста преговараше и договараше промена на името, со што се повтрди дека работи спротивно на државните и национални интереси“, се вели во реакцијата.

За разлика од тајното преговарање на ВМРО-ДПМНЕ за стратешките прашања, велат од СДСМ, новата влада работи транспарентно и отворено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг