Сугарески: Многу проблеми и пропусти при изградбата на автопатите

Макфакс

22/06/2017

15:03

474

Големина на фонт

а а а

Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески во Охрид изјави дека постојат многу проблеми со изградбата на автопатот Охрид – Кичево, како и со делницата Миладиновци – Штип. Сите проблеми се наведени во извештајот на ЈП за државни патишта.

„Тие проблеми најмногу се однесуваат на проектната документација, којашто не е во согласност со тоа што значи терен. Имаме нестабилност на косините, имаме сериозна бројка на објекти коишто се за дислоцирање, зборувам за електроенергетски објекти. Имаме проблеми поврзани со експропријацијата“ – рече Сугарески.

Министерот истакна дека Владата и ресорното министерство ќе направат сè за барем делумно да бидат исправени проблемите и да се запазат роковите. 

„Правиме сè што е во наша моќ да отстраниме дел од овие проблеми, за застојот што се појави, односно сериозното намалување на интензитетот на работа да биде зголемен со цел колку толку да можеме да ги запазиме роковите, дел од нив се веќе пробиени, како изградбата на автопатот Миладиновци – Штип, кој требаше да биде готов на 1 мај оваа година“, рече Сугарески.



Спонзорирани линкови

Маркетинг