Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со серија забелешки на предложените кандидати за заменици-министри

Макфакс

22/06/2017

14:34

661

Големина на фонт

а а а

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесоа серија забелешки на предложените кандидати за заменици-министри.

Пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се сомнева дека кадарот што го избрал Зоран Заев ќе работи во интерес на државата, дека станува збор за партиски послушници, кои ќе ја замајуваат јавноста со таканаречени реформи, додека премиерот „си игра со судбината на државните интереси“.

„Последниот гаф, премиере Заев, што го направивте и се поклонивте во Бугарија на споменикот на Цар Самоил, на кој пишува бугарски цар, е знак за сомневање дека со љубов и ревност ќе работите за Република Македонија. А, тоа важи и за замениците-министри кои ги предлагате“, рече Јовановски.

Премиерот Зоран Заев му реплицираше и кажа дека сите предложени кандидати се стручни лица и дека завршило времето на популизмот. 

„Доаѓа време кога ќе работат институциите“, рече Заев. Обраќајки им се пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ тој им рече: „Голем дел од луѓето што седат на десната страна истрескаа многу глупости, па преживеаја кај граѓаните“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг