Членови на бугарската ултранационалистичка партија ВМРО-БНД, чиј лидер е Красимир Каракачанов, го пречекаа македонскиот премиер во Софија со натпис „Добредојдовте дома!“.
Каракачанов, кој е познат по своите националистички ставови, го негира постоењето на македонската нација и во своите чести јавни настапи инсистира дека Македонците се всушност Бугари.