Едно лице загина на автопатот Велес-Градско

Макфакс

21/06/2017

15:21

531

Големина на фонт

а а а

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на автопатот Велес-Градско.

Несреќата се случила околу 23 часот кога на автопатот се судриле два автомобила, Мазда 626 со велешки регистарски ознаки и патничко возило Цитроен АХ со кумановски регистарски ознаки. Во незгодата од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото цитроен. Со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото Мазда 626 меѓу кои и 16-годишно момче. Тие со Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Велес, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг