Вучиќ: Србите ќе бea 16 милиони да не изгинеа во војните

Макфакс

21/06/2017

14:13

757

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија сака мир и стабилност, дека не сака да напаѓа никого, но мора да има силна војска.

Тој истакна дека Србија мора да биде подготвена ако ја нападнат, проценувајќи дека сега ќе имаше 16 милиони Срби ако не гинеле во војните од 1912 година, во кои главно биле жртви и главно биле нападнати.

– За да имаме мир, мора да имаме силна војска – рече Вучиќ, според РТС. 

Тој рече дека на Србија ѝ треба силна, моќна армија, не за да напаѓа некого туку и најсилните да знаат кого напаѓаат, ако решат да го направат тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг