Вучиќ: Никогаш нема да ја прифатам косовската независност

Макфакс

21/06/2017

13:53

729

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека под никакви услови нема да ја признае независноста на Косово.

„Како можам да го признаам Косово ако со рака врз Уставот сум се заколнал дека не го признавам Косово? Не можам и не сакам да ја признаам независноста на Косово“, рече Вучиќ за државната телевизиска РТС .

Вучиќ нагласи дека Србија има за цел да ги задржи пријателските односи со Русија и никогаш нема да се придружи кон антируските санкции. Тој како цел на српската надворешна политика го посочи и подобрувањето на односите со Кина. 

– Ние одиме по европски пат. Нашата цел е да ги задржиме стабилни пријателските односи со Русија и ние никогаш нема да воведеме санкции кон Русија. Втората наша цел е развивање односи со Кина, посочи Вучиќ на прашањето дали новата влада ќе биде прозападна. 

На 15 јуни Вучиќ ја предложи Ана Брнабиќ за премиер и ѝ порача да ги зајакне односите со Европската Унија, со Русија, со Кина и со САД. Како основни задачи ги наведе зголемувањето на авторитетот на Србија на меѓународен план и развој на националната економија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг