Заев за договорот со Бугарија: Спорот ќе го решиме на едно кафе

Макфакс

21/06/2017

13:18

676

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев изјави денеска во Софија дека меѓу Македонија и Бугарија долг период имало студени односи од политички причини, но од вчера тој завршил”.

На состанокот со бугарскиот премиер Бојко Борисов и во присуство на двајцата министри за надворешни работи вчера биле дискутирани четирите отворени сегменти од договорот за добрососедство. Три биле трајно затворени, останал еден за кој Заев се надевал дека ќе биде решен „на едно кафе” меѓу двајцата премиери и кабинетите.

Заев ја истакнал важноста од спроведување на транспортниот Коридор осум кој ќе отвори перспективи за секаков вид економска соработка и за раздвижување на бизнисот. Тој повеќепати ја истакнал важноста на претседавањето на Бугарија со ЕУ изразувајќи надеж дека во 2018 година Македонија ќе добие датум за почеток на преговори. 

„Очекувам многу спортски и културни настани, зголемен број комерцијални договори, што ќе значи подобрување на квалитетот на животот”, рекол Заев нагласувајќи дека Бугарија е значајна и за енергетскиот сектор кај нас бидејќи нашата земја увезува 40 отсто од електричната енергија, а голем дел доаѓа токму од овој сосед. 

Одговорајќи на новинарски прашања Заев во врска со приемот на Македонија во НАТО под рефренцата ПЈРМ, рече дека тоа е решение што го прифаќа и генералниот секретар на НАТО Столтенберг и претставува решение за Бугарија и верува дека во добар дух и како добри соседи може да се најде решение со Грција да се одблокираат евроинтегративните процеси. 

„Убеден сум дека и тие се исправени пред одлуката каков регион сакаат, што е подобро за Грција и нивните граѓани – да остане Македонија заглавена или да ги користат сите бенефити што ги носи НАТО, рече Заев и додаде дека не мора веднаш да има решение со прашањето за името туку може со Грција да се договори да се отпочнат процесите за интегрирање. 

Во врска со терминолгијата во учебниците по историја во Македонија, тој одговори дека тоа е едно од отворените прашања и оти постои консензус во Македонија сите нови изданија да ги отстранат сите грешки што создаваат непријатност која не е во функција за она за што се залагаме. 

„Веќе се направени одредени прашања за таа соработка да расте и тоа и во минатото не само од новата влада. Има многу датуми што се чествуваат, се обновуваат одредени обележја кои се значајни и за нашата и за бугарската историја, рече Заев и додаде дека на историските личности гледа како одлична можност за зголемување на соработката меѓу народите, граѓаните и државите.“ 

Запрашан за СЈО Заев одговори дека ги доставил сите материјали што ги поседува, но изрази стравување дека е кратко времето за отворање на сите истраги. 

„Доказите постојат и тие се таму и не можат да исчезнат. И да не се продолжи рокот, овие докази постојат и верувам дека друго обвинителство или друг надлежен орган ќе ги преземе и ќе утврди дали постојат и материјални докази за да има обвинителни акти или се само индиции кои што ќе завршат намери кои никогаш не направиле кривично дело или злоупотреба на закон,“ рече Заев. 

Потенцира дека во Македонија повторно ќе вадеат правото и правната држава и законот еднакво ќе важи за сите. 

„Сакам граѓаните на Македонија, странските и домашните инвеститори секој наш граѓанин и секој што ќе дојде ако е правичен да добие право во секаква околност. А ако се огрешил пред закон да преземе одговорност. Тоа е насушно потребно ако сакаме да имаме перспектива,“ истакна премиерот Заев Заев и ги повика експертите да влезат во судството, а политичарите, како што рече, воопшто да не се мешаат во процесот на создавање независно судство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг