Мнозинството уставни судии бара да се поведе постапка за членот на Законот за електронски комуникации

Макфакс

21/06/2017

11:46

489

Големина на фонт

а а а

Широка двочасовна дускусија кај уставните судии за членот 175 од Законот за електронски комуникации, на денешната седница на Уставниот суд.

Судијката известител Вангелина Маркудова, предложи да се поведе постапка. Таа смета дека оспорениот член не регулира во кои случаи се оправдува отстапувањето од уставно загарантираното право на приватност и неповредливост на податоците. Подвлече дека постои опасност од незаконито и неуставно искористување на опремата за прислушување и може да доведе до загрзоување на уставно загарантираните права на граѓаните. На оваа линија се судиите: Исмаил Дарлишта, Наташа Габер, Гзиме Старова и Сали Мурати.

Малцинството судии сметаат дека само со судска наредба од судија на претходна постапка како и со образложено барање од јавен обвинител, тоа може да се дозволи бидејќи државните органи добиваат неконтролирана моќ за злоупотреби и неконтролирано прислушување. Претседателот Никола Ивановски, Елена Гошева, и судијата Јован Јосифовски не гледаат ништо неуставно и образложуваат дека членот дава само технички насоки, додека со Законот за кривична постапка и други членови од Законот за следење на комуникациите е уредена постапката во кои случаи може да се прислушува. 

Судиите кои застанаа зад иницијативата потсетија дека во 2010 година, Уставниот суд донел интервентна мерка со која поништил слична одредба, која во овој закон повторно е воведена. Дел од судиите се сомневаат и дека членот 176 , е неуставен. 

Расправата тече, а судијата Јован Јосифовски најави дека има обврски на лекар, па за интерес на расправата се врати по 10 минути со објаснување дека ги одложил обврските.



Спонзорирани линкови

Маркетинг