ВМРО-ДПМНЕ: Владата итно да преземе чекори за помош на земјоделците

Макфакс

21/06/2017

10:49

315

Големина на фонт

а а а

Владата на СДС не смее да ги игнорира секојдневните проблеми на земјоделците кои се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија порачува СДС наместо да држи празни прес-конференции нека излезе со сет реални мерки за да им помогне на земјоделците.

„ВМРО-ДПМНЕ сега од СДС бара итно да преземат 4 основни чекори. 

Прво, да се зголемат субвенциите за поддршка за одржување на овошните насади за 2017 година, најмалку 50%. 

Второ, државата да се вклучи во пронаоѓање нови пазари за извоз на праски. 

Трето, додека македонските праски скапуваат имаме информации дека се увезуваат преку 1.200 тони евтини праски од соседството. Државата итно да се вклучи во заштита на македонските земјоделски производи. 

Четврто, ја повикуваме Владата да излезе итно со одлука за 100% отштета на штетите кај овоштарите. Вакви мерки беа носени во минатото со цел на земјоделците да им се излезе во пресрет и да им се помогне во надоместување на штетата. 

Земјоделците очекуваат новата влада на СДС да ги решава проблемите со кои се тие соочуваат, наместо СДС да спроведуваа антиреформи. На земјоделците им е потребна континуирана грижа и реални мерки, а не залажување со неефективни мерки. 

Граѓаните на Република Македонија ги очекуваат и другите предизборни ветувања од СДС“ – се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг