Заев: Белегот останува, но без опозицијата нема да можеме напред

Макфакс

20/06/2017

14:12

696

Големина на фонт

а а а

Белегот станува како спомен за да не се повтори никогаш повеќе она што се случи во парламентот – изјави премиерот Зоран Заев во Софија коментирајќи ги настаните од 27 април.

Сепак, тој истакна дека како православен христијанин кој верува во Господ веднаш, уште истата вечер, им простил на напаѓачите.

„Законот треба да важи за сите. Ако некој направил престап, треба да одговара. Но, јас во срцето немам омраза. Без опозицијата нема да можеме да успееме, таа ни е потребна исто како и граѓанскиот сектор во Македонија“ – додаде премиерот Заев, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Бугарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг