Нивната авантура од соништата се претворила во вистински кошмар!

Точка

19/06/2017

21:04

8.923

Големина на фонт

а а а

Еден обичен турист заедно со своите пријатели и во придружба на водич, се упатил кон брегот на Амазон. Она што мислел дека ќе биде само обична пријатна прошетка, набрзо се претворило во борба за опстанок...

Оваа година на големото платно ни доаѓа филмот „Jungle” во кој главните ликови проживуваат кошмар откако се изгубиле во непријателска средина.

Во филмот заснован на настани од реалниот живот, Даниел Редклиф го глуми Јоси Гинсберг, израелски турист кој со своите двајца пријатели ќе се упати од градот Ла Паз во Боливија на авантура од соништата.


Во амазонската дивина ги води Австриецот Карл Рупрештер, кого го запознале само неколку дена претходно и кој ги уверил дека може да го помине целиот терен без употреба на мапа.

Но, набрзо ќе се открие вистината и авантурата ќе се претвори во пеколен настан од кој нема сите да извлечат жива глава. Филмот е снимен според книгата која ја напишал Гинсберг за ова ужасно патување.

Режисер на филмот е Грег Меклин, кој ги снимил двата одлични хорори: „Wolf Creek 1&2“, како и овогодинешниот „The Belko Experiment“.

Покрај Даниел Редклиф, во филмот настапуваат и Алекс Расел, Џоел Џексон, како и Томас Кретшмен.

„Jungle“ ќе ја има својата премиера во август.



Спонзорирани линкови

Маркетинг