СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше образованието

Макфакс

19/06/2017

19:57

546

Големина на фонт

а а а

Преку новата Влада што ја предводиме, активно работиме на санирањето на штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во образованието, реагираат од СДСМна прес конференцијата на Лука Кржаловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку долгогодишните погубни политики, ВМРО-ДППМНЕ системски го уништуваше образованието. Доказ за тоа се и многуте рангирања на престижни меѓународни институции и организации кои образованието во Македонија го рангира како едно од најлошите во Европа, како и ПИСА тестирањето на коепоради лошиот образовен систем, учениците од Македонија имаат едни од најлошите резултати во светски рамки.

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше образованието со избрзани, несоодветни и неквалитетни проекти со што предизвика огромни штети врз учениците, наставниците и образовниот процес. 

СДСМ, преку новата Влада што ја предводи, активно работи на санирање на штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во образованието. Се решаваат напластените проблеми и се создава здрава основа за темелни реформи кои ќе овозможат квалитет во образованието и кои ќе бидат во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Лука Кржаловски од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг