Злосторство од омраза? Таксист до смрт претепал муслиманка, не успеала да се засолни во џамија

Точка

19/06/2017

20:03

9.516

Големина на фонт

а а а

Припадниците на полицијата во американската сојузна држава Вирџинија пронашле тело за кое се сомневаат дека е 17 – годишната муслиманка која била нападната во близина на џамија пред да исчезне.

Тинејџерката, која роднината ја идентификувала само како „Набра“, шетала со пријателите кога се запречкале со еден возач во Херндон, соопштиле од полицијата.

Мажот излегол од автомобилот и ја нападнал девојката, раскажале пријателите, по што исчезнала. 22 – годишниот осомничен е уапсен и обвинет за убиство.

Мотивот за нападот се` уште не е јасен, но од полицијата навеле дека, меѓу другото, се истражува можноста и за злосторство од омраза.

„Washington Post“ известува дека групата од четири или пет тинејџери, вклучувајќи ја и Набра, влегле во ресторан за брза храна после рамазанските молитви.

Околу 4:00 наутро, оваа група на тинејџери била нападната додека одела по улица. Тинејџерите побегнале во џамијата која се наоѓала во близина, но не и Набра, чие исчезнување подоцна било пријавено.

Во текот на потрагата, полицајците запреле сомнителен автомобил во оваа област, и го привеле возачот, Дарвин Мартинез Торес.

Околу 15 часот, полицајците пронашле тело во езерото, на пет километри од местото на инцидентот, се наведува во соопштението на полицијата. Исто така, пронашле и бејзбол палка, пренесуваат локалните медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг