Две момчиња тешко повредени во „сообраќајка“ во Прилеп

Макфакс

19/06/2017

16:06

386

Големина на фонт

а а а

Две момчиња на возраст од 19 и 23 години се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера, на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп.

Според информациите на МВР, вчера, во 4 часот изутрина, на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил ауди со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ. (33) од Прилеп и автомобил мерцедес, управувано од Т.С. (44) од Прилеп.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнале сопатникот од возилото ауди -Г.З. (19) од Свети Николе, и сопатникот од возилото мерцедес – К.Д. (23) од Прилеп. Со возило на Итна медицинска помош истите биле пренесени во Градска болница Прилеп, од каде по укажаната медицинска помош, поради сериозноста на повредите, биле препратени во Клинички центар Скопје“, соопшти МВР. 

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп. Се утврдуваат причините за несреќата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг