Импресивна имотна листа на идната српска премиерка

Макфакс

19/06/2017

16:03

1.166

Големина на фонт

а а а

Заменик-претседателката на Српската напредна партија, Марија Обрадовиќ, изјави за новинарите дека пратениците на СНС силно ја поддржале одлуката на претседателот Александар Вучиќ неговата кандидатка Ана Брнабиќ да биде премиерка на Србија.

Според неа, до четврток ќе се знае дали ќе се обезбедат потребните 128 гласови за поддршка на Брнабиќ или ќе се оди на нови избори.

Како што извести таа, околу стотина членови се изјасниле лично и притоа имало различни ставови. Многумина, нагласила таа, не биле ентузијасти во врска со нејзиниот избор, но решиле да ѝ ја дадат довербата поради Вучиќ.

Претходно руската агенција „Спутник“ напиша дека на владејачката партија СНС ѝ се заканува распаѓање ако предложената премиерка не добие поддршка од партијата. Сите оние кои нема да ѝ дадат глас ќе мораат да се префрлат во редовите на опозицијата, напиша „Спутник“. 

Истражувалката мрежа „Крик“ денеска ја објави имотната листа на новопредложената премиерка која медиумите во Србија ја нарекоа „импресивна“. Според неа, таа има голем стан на Дедиње, земја и две куќи на хрватскиот остров Крк, а голем имот во вид на станови и куќи има и нејзината мајка и најтесното семејство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг