Тереза Меј на власт доведува поранешни терористи?

Точка

09/06/2017

19:36

3.074

Големина на фонт

а а а

Некогаш најголемите противници на мирот во Северна Ирска сега станаа составен дел од власта во цела Велика Британија.

Дека Тереза Меј ќе се обиде да формира влада со Демократската унионистичка партија од Северна Ирска, е последната вест која ни доаѓа од Велика Британија. Историјата на ДУП е неверојатна.

Нивниот основач Иан Пејсли бил еден од протестантските лидери уште од средината на минатиот век, а на товар му се става и фактот дека го предводел движењето на отпорот на католичката борба за еднакви права. Тој остро се противел на било какви отстапки за католичкиот дел од населението, а сето тоа резултирало со конфликт кој ја разорил Северна Ирска во следните триесетина години.


Со години Пејсли апсолутистички се борел против политичкото решение за споделување на моќта во својот дел од Обединетото Кралство, а во средината на осумдесеттите години го основал паравоеното здружение Ulster Resistance, пишуваат британските медиуми. На основањето главната улога ја имал Семи Вилсон, денес член на британскиот парламент и еден од членовите од владејачката коалиција. Нивното дејствување поминало во голема тајност, но се знае дека купувале огромни количини на оружје и ниту ден денес не е познато дали го вратиле.


Во средината на 1987 година украле околу триста илјади фунти од една банка во Портадаун, градче кое се наоѓа на околу 40 километри од Белфаст. Со тие пари купиле околу деветстотини пушки, стотина пиштоли, неколку RPG фрлачи и муниција од Либан. Пред крајот на следната 1988 година, било откриено оружјето кое требало да го користат припадниците на Ulster Resistance, но и делови од Javelin проектилот земја – воздух, пишува Express.hr.

Можеби најголемата контроверза се случила на почетокот од 1994 година, кога некои унионисти, поборници за останување на Северна Ирска во Велика Британија, објавиле документ во кој барале етничко чистење и повторна поделба на Ирска за Северна Ирска да стане целосно протестантска.


Вилсон тогаш рекол дека некои делови од тој план се всушност разумни: „Се покажува дека некои лојалистички паравоени групи гледаат кон иднината и размислуваат за тоа што треба да се направи за да го задржиме својот посебен алстерски идентитет“.

На крајот Пејсли сепак останал умерен унионист и дури учествувал во првата заедничка влада на Северна Ирска. Тој бил премиер од мај 2007 до јуни 2008 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг