Бахреин со закана до Катар: Мора да се дистанцирате од нашиот најголем непријател - Иран

Точка

09/06/2017

17:30

1.582

Големина на фонт

а а а

Шефот на бахреинската дипломатија на некој начин го откри главниот извор на проблемите околу големата политичка криза во Заливот.

Бахреинскиот министер за надворешни работи, Шеик Калид бин Ахмед ал-Калифа упати нова закана до Катар, барајќи од официјална Доха да се дистанцира од Иран и да сопре да ги финансира терористичките организации ширум светот.

Во интервјуто за саудискиот весник „Ашхарк Ал-Авсат“ тој изјави дека условите за решавањето на оваа голема политичка криза се „кристално јасни“ - имено, станува збор за услови кои што Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет им ги поставија на Катарците.

„Катар мора да го промени својот пат и мора да се врати назад кон исполнувањето на своите обврски. Тие мора да сопрат со медиумската кампања и мора да се дистанцираат од нашиот најголем непријател - Иран“, порача министерот за надворешни работи на Бахреин, Шеик Калид бин Ахмед ал-Калифа.


„Катар мора да сфати дека нивните интереси се исти како и нашите, а не со земјата која што готви заговор против сите нас, земја која што сака да доминира над нас и да не подели“, порача шефот на бахреинската дипломатија и додаде:

„Катар мора да престане со поддржувањето на терористичките групи, без разлика дали станува збор за сунитски или за шиитски терористички групи“, изјави Шеик Калид бин Ахмед ал-Калифа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг