Груевски, Протуѓер, Божиновски и Димовски не дојдоа во СЈО – не добиле покани

Макфакс

09/06/2017

16:29

695

Големина на фонт

а а а

За денеска на распит во СЈО, освен Емил Димитриев, Даниела Рангелова, Миле Јанакиески, Форсина Ременски, биле повикани и другите осомничени за перење на околу 5 милиони евра во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додека била на власт.

Осомничените Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Илија Димовски и Леко Ристовски не дојдоа бидејќи не примиле покана. Нивните покани за распит биле вратени назад во СЈО како неуредно доставени.

Во случајот „Талир“ осомничени се 11 високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и лидерот на партијата. Тие се товарат за перење пари и за незаконско финансирање на партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг