Меј: Ќе формирам влада со пријателите

Макфакс

09/06/2017

15:28

476

Големина на фонт

а а а

Ќе формирам влада која ќе ја води земјата преку преговори за Брегзит, најави лидерката на конзервативците, Тереза Меј, по состанокот во Бакингемската палата со кралицата Елизабета Втора. Таа додаде: „Сега на работа“.

Актуелната премиерка на Британија побара дозвола од кралицата да состави малцинска влада, по постигнувањето договор со Демократската унионистичка партија на Северна Ирска.

„Ќе продолжиме да работиме особено со нашите пријатели и сојузници од Демократската унионистичка партија. Нашите две партии имаа силни врски во текот на многу години и тоа ми дава самоувереност дека ќе продолжиме да работиме заедно во интерес на целото Обединето Кралство“, изјави Меј пред Даунинг стрит 10. 

На вонредните парламентарни избори Конзервативната партија на Меј освои 42,4 отсто од гласовите, додека опозициската Лабуристичка доби 40 проценти, покажуваат прелиминарните резултати. Ниту една партија нема мнозинство во парламентот од 650 места.



Спонзорирани линкови

Маркетинг