Паника меѓу евроскептиците: Дали со изборниот дебакл на Тереза Меј е загрозено излегувањето на Велика Британија од ЕУ?

Точка

09/06/2017

14:11

1.173

Големина на фонт

а а а

Неуспехот на Тереза Меј на парламетарните избори би можел да го загрози "Brexit", излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Лидерот на евроскептичната партија "UKIP", Пол Нутал, смета дека загубата на парламентарното мнозинство на британската премиерка, би можело да претставува проблем со големи последици, пренесува Telegraph

"Ова распишување на избори беше голема грешка", напишал Нутал на Твитер и предизвикал бројни реакции. 


Му се приклучил и најпознатиот британски евроскептик, Најџел Фараж, со уште подраматичен твит. 

"Членот 50 е активиран, ние сме на својот пат. Меј тоа го доведе во опасност", напишал тој. 


Дури и Дејвид Дејвис, државен секретар за "Brexit", признал дека со загубата на мозинството во парламнетот, конзервативците веројатно ќе го изгубат мандот за извлекување на земјата од ЕУ. 

Најостар, меѓутоа, бил Џорџ Озборн, кој заклучил дека по изборниот дебакл на Тереза Меј, "Brexit" е фрлен во канта за ѓубре, пренесува Daily Mail<./b>. 

За сите нив проблематично е тоа што тешките преговори за излегување од ЕУ владата мора да ги заврши до 2019. година, што без цврсто мнозинство во парламентот е тешко да се спроведе.