Саудиска Арабија излезе со објаснување за срамниот чин кој го потресе цел свет

Дерби

09/06/2017

12:21

1.292

Големина на фонт

а а а

Чинот на репрезентативците на Саудиска Арабија за време на вчерашниот пријателски меч со Австралија наиде на огромна осуда од целокупната светска спортска јавност, од едноставна причина што фудбалерите на оваа земја не го испочитуваа протоколот за оддавање почит на загинатите луѓе во терористичките напади во Британија.

Додека фудбалерите на Австралија прегрнати еден со друг застанаа на кругот на средината оддавајќи почит, играчите на Саудиска Арабија заминаа на својата половина, а бидејќи оваа сцена беше навистина непријатна и срамна за гледање, не чуди фактот што реакците беа огромни и доста жестоки.

Поради планетарната популарност која ја доби споменатата сцена, Саудиска Арабија беше приморана да одговори на големите критиките, а федеррацијата во своето објаснување истакна дека не станува збор за никаква наврреда, туку за ритуал кој е стандарден во арапските земји. 

– Ги известивме официјаните лица дека традицијата и културата во Саудиска Арабија е таква што играчите оддаваат почит од позициите на кои играат на теренот. Играчите не се обидоа да покажат непочитување за починатите и нивните фамилии. Федерацијата на Саудиска Арабија е против секаков акт на тероризам и екстремизам, испраќаме искрено сочувство до фамилиите на загинатите лица во Британија, – гласи објаснувањето на федерацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг