Бура во заливот: Катарскиот емир го одбил Трамп и го праќа шефот на дипломатијата во Москва

Точка

09/06/2017

11:46

8.977

Големина на фонт

а а а

Катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад ал Тами, нема намера да патува во Вашингтон на повик на американскиот претседател Доналд Трамп.

"Емирот нема намера да го напушти Катар, се додека државата се наоѓа во блокада", рекол изворот за Reuters

Претходно било соопштено дека Трамп во телефонски разговор со емирот на Катар му понудил помош на него и на државите кои ги прекинале односите со оваа земја.

Меѓутоа, одбивајќи да го посети Вашингтон, Тани го пратил во Русија шефот на дипломатијата на Катар, Мухамед бин Абдел Рахман бил Џасем ел Тани.

Министерот би требало да допатува во Москва и да разговара со својот руски колега, Сергеј Лавров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг