Срамен потег на Саудијците: Одбија да оддадат почит за загинатите во терористичкиот напад во Лондон

BalkanInsight

08/06/2017

16:26

2.176

Големина на фонт

а а а

Фудбалските репрезентации на Австралија и Саудиска Арабија одиграа натпревар од квалификациите за Светското првенство.

Австралија славеше со 3:2 против репрезентацијата на Саудиска Арабија во еден доста интересен натпревар, но сепак дамка на целиот натпревар фрли срамното однесување на фудбалерите на Саудиска Арабија.

Имено, пред почетокот на натпреварот беше планирана една минута молчење во чест на жртвите од терористичкиот напад во Лондон минатиот викенд. Додека репрезентативците на Австралија застанаа на центарот да оддадат почит, фудбалерите на Саудиска Арабија без никаков срам се загреваа и трчаа на теренот, одбивајќи да оддадат почит кон недолжните цивили кои што загинаа во нападот на радикалните исламисти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг