Катар тврди дека бил хакиран од април

Макфакс

08/06/2017

14:36

631

Големина на фонт

а а а

Катар ги објави првичните резултати од истрагата за хакирање на својата новинска агенција, чии наводни вести беа причина за кавгата со земјите од Заливот и Египет, но не откри кој стои зад нападот.

Во соопштението објавено од Министерството за внатрешни работи на Катар стои дека хакирањето започнало во април, еден месец пред објавувањето на контроверзната изјава на емирот шеик Тамим бен Хамад ал-Тани.

Меѓу темите што во својата изјава наводно ги споменува шеикот се палестинското исламистичко движење Хамас, за кое тој вели дека е “легитимен претставник на палестинскиот народ” и Иран, за кого вели дека „го гледа како стратегиски сојузник во регионот“. 

“Тимот задолжен за истрагата потврди дека хакирањето било спроведено со иновативни технички средства,а со користење на пропустите во системите на државната агенција“, извести Министерството за внатрешни работи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг