ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наследува стабилна држава, полн Буџет и јасно трасиран пат кон ЕУ и НАТО

Нетпрес

08/06/2017

13:49

412

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев сега ја води владата на Република Македонија и има одговорност да ги реализира ветувањата што им ги даваше на граѓаните, а од претходната влада наследува стабилна држава, полна државна каса и јасно трасиран пат за интеграција на земјата во Европската униа и во НАТО, се исткнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните од Заев очекуваат да ја внесе Република Македонија во ЕУ и НАТО без да задира во идентитетските прашања и без да прави штетни договори на грбот на македонскиот народ. Секој студен туш и секој неуспех на Заев во реализација на ветувањата е студен туш и неуспех за државата. Обидот на СДС да глуми опозиција, да измислува оправдувања и да дефокусира пласирајќи лажни вести и лажни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ не им помага на граѓаните“, се истакнува во реакцијата.

Се потесетува дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше првта влада во Република Македонија којашто успеа да ја приближи државата до конечната цел, односно станување полноправен член на државата на ЕУ и НАТО. 

Исто така, се наведува дека владата редводена од ВМРО-ДПМНЕ доби целосна препорака за отпочнување на преговори за членство во ЕУ во 2009 година и беше пред портите на НАТО на самитот во 2008 година, кога од општо познати причини остана надвор од структурите на организацијата, иако ги има исполнето сите критериуми за влез. 

„Република Македонија сврте нов лист во своето европско поглавје со добивање на визната либерализација од ЕУ во 2009-та година, што беше дадена благодарение на реформите кои Владата ги спроведе во сферата на граничната контрола, царината и безбедноста“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Според нив, визната либерализација овозможила македонските граѓани слободно и непречено да патуваат во земјите членки на ЕУ и Шенген зоната, што се оценува како „огромна придобивка“ за граѓаните и се потстува дека претходно тие тоа по неколку месеци и во редици чекаа пред амбасадите на овие држави. 

„СДС од ВМРО-ДПМНЕ затекнува држава на стабилни нозе, полна буџетска каса и јасно трасиран пат кон ЕУ и НАТО. За разлика од сега, ВМРО-ДПМНЕ од СДС наследи празен буџет, држава на клекнати нозе со 38 отсто невработеност и со закочен пат кон ЕУ. 

Граѓаните се сомневаат во европскиот капацитет на Владата на СДС водена од стари истрошени кадри, на чело со аболициран криминалец Заев, човек фатен на дело во повеќе криминални активности, за кои бега од кривичен прогон разрешувајќи го обвинителот на обвинителството кое го гони“, се заклучува во реакцијата при што од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека граѓаните знаат што направила претходната влада и умеат да направат споредба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг