Уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас, кој е осомничен во два случаи на Специјалното јавно обвинителство, денеска се појави во просториите на оваа институција.
Тој е осомничен за затајување на данок бидејќи, според СЈО, од 2008 до 2015 година на финалните сметки и на даночните пријави внеле лажни информации, со што како што се проценува го оштетиле буџетот за над 120 илјади евра.