ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Новата влада најавува само уривања и блокади

Макфакс

07/06/2017

16:25

1.037

Големина на фонт

а а а

Владата на Зоран Заев не е реформска туку антиреформска. Нејзините први чекори не се нови проекти и реформи туку најави за уривања, блокирања и укинувања – изјави денеска Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Според Илиоски, првата изјава на Заев како премиер била да побара првиот човек на Јавното обвинителство „кое го гони за земањето поткуп од едно евро за Вицето да си даде оставка“.

„Ова не е ништо друго освен пример на еклатантен притисок и заплашување кон институцијата која треба да ги истражи криминалите за кои се сомничи Зоран Заев. Еднаш беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра од страна на Бранко Црвенковски, а вторпат награден од Катица Јанева со отфрлање на кривичната пријава против него за случајот ‘Пуч’. Зоран Заев не може да се помири со фактот дека надлежното Јавно обвинителство не сака да ги следи овие срамни примери и води постапки и за барањето ‘Поткуп’, но и за изборните измами. За изборните измами јавното обвинителство веќе влезе во Општина Струмица и одзеде бројни материјали кои може да послужат во понатамошната постапка“, рече Илиоски. 

Тој истакна дека Заев е исплашен од одговорноста за случаите како „Цареви кули“ и набавките во Општина Струмица. 

„Затоа Зоран Заев сака да стави рака врз обвинителството. Му треба гаранција дека на чело на институцијата ќе застане некој како Катица Јанева, кој нема да се осмели да постапува против него. Тоа е основната причина поради која владата вчера почна постапка за смена на јавниот обвинител. 

Втората причина е класична одмазда. Одмазда врз институциите кои воделе постапки и против другите членови на владата на Зоран Заев, кои завршувале и со затворски казни. Јавноста деновиве е вознемирена од написите дека голем дел од кабинетот на Заев не само што бил гонет за криминал туку имало и судски пресуди против нив. Медиумите веќе објавија дека шефицата на кабинет на Зоран Заев веќе лежела во затвор, а десетици пријави се поднесувани и против министрите Самка Ибраимовски, Рамиз Мерко, Садула Дураку, Хазби Лика и другите членови на владата“, рече Илиоски на денешната прес-конференција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг