ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста е загрижена за капацитетот на Заев и новата Влада

Макфакс

07/06/2017

16:08

336

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев во вчерашното интервју како премиер на Владата на Република Македонија имаше несигурен и површен настап, без никаква суштина, со многу празнини во однос на политиките кои планира да ги реализира новата влада – рече на денешната прес-конференција Христијан Мицковски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Синоќешниот настап во јавноста предизвика сериозна загриженост во однос на капацитетот на Заев и неговата влада заради правецот во кој во иднина ќе се движи Република Македонија. Заев упорно повторуваше дека е оптимист, но прашање е колку граѓаните може да бидат оптимисти. Зоран Заев во вчерашното интервју лажеше. Лагите не може да ги покријат очекувањата на граѓаните од новата влада и ветувањата кои ги даваше. Лагите на Заев нема да го подобрат стандардот на граѓаните. Тие очекуваат од него да ги исполни ветувањата што ги даде пред избори, а не со манипулации и дезинформации да ги дефокусира од обврските кои ги презеде. Заев лажеше дека кој било од ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДС побарал каква било амнестија. Човек што е два пати аболициран за криминал веројатно со ваквите дезинформации сака да си подготви терен и за трета амнестија за случајот „Поткуп“. ВМРО-ДПМНЕ и досега во повеќе наврати демантираше дека воопшто се разговарало со Заев на оваа тема.

Заев излажа дека во буџетот се останати само 6 милиони евра. Неговиот министер за финансии се пофали дека на 5 јуни се исплатени околу 77 милиони евра од буџетот на име на субвенции, стипендии и пензии. Вистината е дека новата влада на СДС во буџетот доби 130 милиони евра, освен ако Заев не сакаше несвесно да признае дека 124 милиони евра мистериозно исчезнале. 

Заев лажеше дека јавниот долг изнесувал над 50% од БДП, а дека скриениот долг изнесувал над милијарда евра. Фактичката состојба гласи дека јавниот долг на 30.04.2017 година изнесувал 45,9 %. Со овие паушални бројки и лаги, Зоран Заев и практично го загрозува кредитниот рејтинг на Република Македонија и ризикува кредиторите во иднина да бараат повисоки каматни стапки – рече Мицковски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг