До каде оди русофобијата на CNN: Русите ја хакнале новинската агенција "Катар" и така ја предизвикале арапската криза...

Точка

07/06/2017

11:14

780

Големина на фонт

а а а

САД се сомневаат дека "руски хакери" ја хакнале новинската агенција "Катар", што предизвикало дипломатски скандал во регионот, објавил "CNN" повикувајќи се на извори запознаени со истрагата.

Претходно било објавено дека "FBI" му дава помош на Катар во истрагата за хакирањето. 

"Американски службеници велат дека целта на Русите е да се создаде тензија помеѓу САД и нивните сојузници", јавува CNN, но не навел докази за тоа. 


Новинската агенција Катар е единствен медиум во земјата преку кој се објавуваат официјални информации кои се однесуваат на властите на емиратот. Агенцијата дури четири часа по хакирањето успеала да ја врати контролата над интернет странта. Притоа обидите за хакирање на интернет страната и профилите на агенциите на социјалните мрежи продолжиле во текот на целиот ден. 


Претходно било објавено дека властите во ОАЕ го блокирале пристапот на катарските медиуми на интернет, вклучувајќи ја и популарната сателитска телевизија Al Jazeera, откако хакерите упаднале на веб странат на државната новинска агенција Катар и на неа објавиле изјава од катарскиот емир за поддршка на Иран и палестинската терористичка организација Хамас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг