Заев: Нема да градиме споменици, парите ќе бидат насочени кон граѓаните

Макфакс

07/06/2017

09:50

10.876

Големина на фонт

а а а

Медиумите треба да бидат критички настроени и коректори на извршната власт. Очекувам медиумите да си ја вршат својата улога, вклучително и националната телвизија МТВ, рече премиерот Зоран Заев на дебатата со новинарите на Македонската телевизија.

„Македoнската телевизија ќе биде независна и финансирана од буџетот. Очекувам критички настроени вести, односно во оној дел каде што власта греши да се критикува. Јавноста треба објективно да биде информирана. Ние ветивме реформи во медиумите, а тие се однесуваат токму на ослободување од стегите во кои беа досега. Ако Заев, не го исполнил она што го ветил, јавноста тоа треба да го знае„, рече премиерот Зев.

Воедно тој рече дека ќе биде укината и радиодифузната такса која е една од мерките што ги ветивме пред граѓаните. МТВ ќе се финансира од буџетот и нема да има дел од комерцијалниот колач. 

„Радиодифузната такса е дел од реформите. МТВ нема повеќе да зема пари по овој основ. Законската независнот ќе дојде преку буџетско финансирање. Јавноста знае дека законот кој го поднесовме за реформи во медиумите беше предложен од ЗНМ и покрај другите предлози и МТВ е вградена во тие реформи“, рече Заев. 

Владините реклами како што беа пракса на претходната власт, нема да бидат на оваа, додаде Заев. 

Владата, ќе се огласува на јавниот сервис, исклучиво преку соопштенија и известувања до граѓаните. 

Во однос на надворешната политика, премиерот Зоран Заев рече дека новата Влада ќе гради мостови на пријателство со соседите, пред се со јужниот сосед. 

Токму на новинарско прашање, дали постои опасност Грција пак да ја блокира Македонија во однос на влезот во НАТО, Заев рече дека новата Влада ќе се заложи да ги подобри односите со Грција и да овозможи нашиот јужен сосед да се согласи да прифати Македoнија да влезе во НATO под привремената референца. 

„Јас немам проблем да ја замолам Грција да имаат разбирање за нас и да ни овозможат да влеземе во НАТО. На крајот, тоа ќе биде придобивка и за нив, не само за нас. Ќе имаме стабилен регион и тој процес ќе биде заокружен. Ќе ја смениме реториката во нашите разговори. Нема да градиме споменици и да провоцираме со имиња и историски факти кои задираат во емоциите. Ние сме свесни дека Грција може да нè блокира уште 35 пати и тогаш кој би бил нашиот бенефит да ја имаме за непријател„, рече Заев. 

За односите со Русија, Премиерот рече дека нема проблем да гради односи и економски да соработува. Но, рече дека ако Русија е навистина пријател на Македонија, ќе има разбирање дека нејзината цел се евроинтеграциите. Местото на Макеоднија е во ЕУ, посочи Заев. 

„Менувањето на судиите ќе мора да се изврши согласно препораките на Прибе и Венецијанската комисија„, рече претседателот на Владата Зоран Заев. 

Тој вели дека мора да се постават темели на независно судство, ако сака да биде членка на ЕУ и да се движи напред кон тие процеси. 

„Реизборот не е крај на светот. Секој чесен судија нема потреба да се плаши. Секој што акумулирал и има скриено богатство на нечесен начин, не му е местото во судството. Не може еден судија да носи пресуди кои се политички мотивирани. Овој процес ќе го решаваат независни експерти, слично како што тоа се случуваше во Украина и Албанија„, рече Зоран Заев. 

Заев рече дека ќе бидат расветлени и случаите Диво Насење и Монструм. Доколку се докаже дека некој од министрите е вмешан во овие случаи ќе биде разрешен од функцијата, додаде Заев. 

Првите задачи на новите министри ќе бидат да истражат колку пари се потрошени во вид на државна помош, за субвенционирање на странските инвеститори, рече премирот Зоран Заев на дебатата на МТВ. 

Тој посочи дека новата Влада првично ќе се заложи да овозможи клима за домашните инвеститори, а ќе бидат добредојдени и странските. 

„Сметам дека успешна јавна власт е онаа која што ќе успее собраните пари да ги изменаџира на тој начин што ќе ги врати кон граѓаните. Ние имаме цел парите веднаш да ги враќаме кон граѓаните. Знаеме дека нема да биде лесно. Затоа што Македонија е алармантно задолжена, може да има и скриени долгови, тоа допрва треба да го истражиме. Колку што имам информација во буџетот нема 130 милиони евра, туку само 6„ рече Зоран Заев. 

Премиерот Зоран Заев рече дека сè уште се води дебата за тоа кој треба да биде првиот човек на Управата за разузнавање и контраразузнавање, но како што додаде тој смета дека таму треба да биде професионалец од службата. Но, на дебатата во МТВ не откри имиња на евентуални кадровски решенија. 

„Потребни се сериозни реформи во МВР. Има разидување околу тоа дали таму треба да седне човек од експертската фела или пак да биде политичка фигура. Сепак, мојот личен став е дека ова важна институција треба да биде професионална и незавина, па според тоа тука решението треба да биде од редот на професионалци во службата“, додаде премиерот Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг