Макрон и Путин со порака до катарскиот емир: Сочувајте го мирот во заливот

Точка

07/06/2017

11:30

1.192

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон му порачал на катарскиот емир Тамим Бин Хамад Ал Тани дека најважно е да се сочува мирот и стабилноста во заливот.

Првиот човек на Франција истакнал дека ги поддржува сите иницијативи да се смират тензиите помеѓу Катар и нивните арапски соседи. Во телефонскиот разговор со катарскиот емир, Макрон порачал дека Франција останува на располагање за разговори со сите вмешани страни.

Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, Емануел Макрон во врска со големата политичка криза во „Заливот“ разговарал и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Исто така, со катарскиот емир телефонски разговарал и рускиот претседател Владимир Путин кој на Ал Тани му порачал дека ставот на Русија е кризната ситуација да се реши со политички и дипломатски средства со дијалог помеѓу сите страни, соопштија од Кремљ.


Путин и Ал Тани во телефонскиот разговор исто така разговарале и за соработката на Русија и Катар, пред се во областа на економијата, трговијата и инвестициите, пренесува „Ројтерс“. Првите луѓе на Русија и Катар зборувале и за важни меѓународни прашања.

Да потсетиме, Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахраин одлучија во понеделникот да ги прекинат сите дипломатски односи со Катар, додека пак владата со седиште на истокот на Либија и Малдивите подоцна исто така се придружија на тие мерки, при што беа сопрени сите транспортни врски со оваа земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг