Сега ги полнат концертните сали и нижат хитови, но дали знаевте дека овие ѕвезди ја започнале својата кариера на YouTube?

Точка

29/05/2017

20:03

6.984

Големина на фонт

а а а

Некои од музичките ѕвезди кои денес владеат со топ листите, прво биле популарни на YouTube, а нивните видеа биле едни од најгледаните на оваа платформа.

Тие „собирале“ кликови на YouTube и на тој начин полека ја граделе својата армија од обожаватели, а на крајот успејаа да дојдат до концерти во големи сали, настапи на телевизија и хит синглови кои не се симнуваат од светските топ листи.

Ед Ширан  

Британскиот пејач во 2010 година пристигнал во Лос Анџелес, каде што преживувал свирејќи по барови. Кога добил свирка во кафулето на Џејми Фокс, славниот актер се воодушевил од него. Веднаш му понудил соба во својата вила и му рекол дека може да ја користи неговата студиска опрема. Ширан во тоа време објавувал видеа на YouTube на кои пеел авторски песни и обработки, а со тек на време се стекнал и со армија на обожаватели.

Џастин Бибер  

Канаѓанецот и ден денес важи за најголемата ѕвезда на YouTube на сите времиња. Неговото најславно видео е она на кое ја пее песната „So Sick“ на локално музичко натпреварување. Таа снимка по некоја случајност на YouTube ја видел и менаџерот Скутер Браун и веднаш го контактирал. Следната недела Бибер го слушнал и Ашер, а останатото е историја...

Тори Кели  

Многумина ја критикувале натпреварувачката на Американски идол, а Сајмон Кауел и` рекол дека има многу иритантен глас. После неуспехот на ова талент шоу, Тори се „распеала“ на YouTube видеа кои ги снимала во својата соба. И до нејзините видеа дошол менаџерот Скутер Браун. Денес Тори зад себе има албум со платинест тираж, настап на Греми наградите, а сега се дружи и со мегапопуларниот Џастин Бибер.

Чарли Пут  

Чарли почнал со својот профил на YouTube на кој објавувал хумористични скечови и акустични обработки на поп хитови. Снимката на која Пут го пее хитот 'Someone Like You' од Адел собрала милиони прегледи, а потоа во својата емисија го поканила славната водителка Елен Деџенерис. На светската музичка сцена се проби кога му се јавиле продуцентите на франшизата „Брзи и бесни“ и му понудиле да напише песна за крајот на последното продолжение, во која му оддадоа чест на починатиот Пол Вокер.

The Weeknd  

Вистинското име и изглед на музичарот долго време беа енигма. На YouTube објавуваше свои песни, но видеата му беа создадени само од фотографии. На неговиот канал наречен 'xoxxxoooxo' песни објавувале и други млади уметници со сличен музички израз. Со тек на време почнал да соработува со познати музичари кои биле обожаватели на неговите песни, а синглот 'Earned It' од филмот „Педесет нијанси на сиво“ го лансираше во ѕвездите.

5 Seconds of Summer  

На почетокот од кариерата, ги развеселуваа многуте фанови на Фејсбук и Твитер, а потоа почнаа да снимаат подолги видеа и за YouTube. Токму тој потег ги прослави. Во кус рок ги освоија срцата на милиони обожавателки, а потоа „паднал“ и договор со издавачка куќа. Светска слава стекнаа и како пратечки бенд на One Direction.



Спонзорирани линкови

Маркетинг