Шилегов : Ставот за Косово е на СДСМ, не на владата

Макфакс

19/05/2017

21:55

3.135

Големина на фонт

а а а

Српската телевизија РТС ги анализира српско-македонските односи откако СДСМ ќе формира влада цитирајќи ја програмата на оваа партија на изборите, според која меѓу двете земји нема отворени прашања – иако ставот за Косово отворено се разликува.

„Став на СДСМ е дека Македонија ќе биде воздржана во текот на гласањето во УНЕСКО.Сепак, нема точен одговор дали СДСМ ќе опстои на тој став ако со него не се согласуваат албанските партии што ќе бидат дел од владата“, оценува РТС во прилогот.

“Тоа е став на СДСМ. Владата подоцна ќе го усогласува ставот за гласањето во УНЕСКО. Јас не би сакал да шпекулирам каква ќе биде одлуката на владата, која се уште не е утврдена”, изјавил за РТС Петре Шилегов од СДСМ. 

” Заев е во скутот на Албанците и неговата поддршка е условена повеќекратно…”, тврдел за РТС Александар Пандов. 

“Ставот на Заев е дека ќе биде неутрален, бидејќи негови соседи се Албанија и Србија. Мислам дека тоа е правилен став”, изјавил Драгиша Милетиќ од Српската напредна партија во Македонија. 

“Мислам дека изјавите што беа давани во последно време беа резултат на конфузијата околу формирањето на владата. Мислам дека односите се добри и можат да бидат одлични“, бил ставот на Драган Милосављевиќ од Културно-информативниот центар на Србите “Спона”. 

“Прво, Скопје е во триаголникот Белград-Скопје-Приштина. Имајќи предвид дека Заев ќе има неколку албански партии во владата со кои ќе се договора за заедничка агенда, тој ќе има поинаков став кон Косово отколку што очекува Белград. Ова е првата искра поради која мислам дека односите меѓу двете земји и понатаму ќе бидат тензични. Второ, сега во Скопје и Белград нема на власта сестрински партии од иста европска коалиција и нивната идеологија е малку поинаква “, изјавил аналитичарот Петар Арсовски. 

Прва можност да се сретнат претставниците на двете земји е 24 мај во Брисел, каде високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, организира средба со премиерите од Западен Балкан.Дали заедно со актуелниот македонски премиер ќе биде поканет и новиот мандатар, засега според РТС е само предмет на шпекулација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг