Најубавата русокоса на Канскиот фестивал: Преживеала потресна траума, а сега е посилна од било кога

Точка

19/05/2017

22:00

7.848

Големина на фонт

а а а

Чешката убавица изгледала боженствено на црвениот тепих во долга бела тоалета.

Многумина ја сметаат за една од најубавите жени во светот на моделингот.

Петра Немцова знае како да го привлече вниманието на црвениот тепих. Така било и овој пат во Кан, на познатиот Кански фестивал.


Чешкиот супермодел, 37-годишната Петра изгледала навистина фантастично во долгиот бел фустан. Провокативното деколте и уште подлабокиот шлиц и` правеле мали проблеми на убавата манекенка додека им позирала на фоторепортерите, но на крајот добро се снашла и не покажала повеќе отколку што треба.


Во комбинација со тоалетата, Петра носела бели едноставни сандали со високи потпетици, впечатлив ѓердан и висечки обетки.

Целиот стајлинг го заокружила со едноставна фризура – својата руса коса ја собрала во коњско опавче. Со нејзините правилни црти на лицето, дефинитивно не и` е потребна никаква екстравагантна фризура ниту посилна шминка.


Не можеме, а да не го забележиме нејзиното одлично расположение и искрената насмевка на лицето на убавата манекенка. Се чини дека храбро и оптимистички ја преболела ужасната несреќа која и` се случила во 2004 година.


Имено, Петра и нејзиниот свршеник биле жртви на цунамито кое пред 13 години го погоди Тајланд. Во несреќата, кога летувалиштето било затрупано од водениот ѕид, Петра се здобила со тешки повреди, а нејзиниот свршеник Сајмон Атли тој ден го изгубил животот. Тоа биле тешки денови за чешката убавица. Но, таа успеала храбро да се соочи со ужасната траума, а утеха наоѓала во хуманитарна работа и активизам.

Во светските медиуми се шпекулира дека русокосата убавица повторно се свршила. Останува да видиме дали таа вест е вистина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг