Чавков заминува во пензија, зел годишен одмор, не ја чека смената

Макфакс

19/05/2017

19:46

3.277

Големина на фонт

а а а

Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност нема да ја дочека одлуката за негово разрешување што е во владина постапка, туку одлучил да замине од оваа институција.

Според АлсатМ,Чавков зел годишен одмор, а во меѓувреме побарал да му се прекине договорот за работа, кој му завршува кон крајот на јули со можност за продолжување на уште една година.

Чавков освен што го прекинува работниот однос, ги собрал личните работи од неговата канцеларија. Тој беше директор на Бирото за јавна безбедност, а вечерта на 27 април кога брутално беа истепани пратениците на новото парламентарно мнозинство беше и шеф на оперативниот штаб..



Спонзорирани линкови

Маркетинг