Дали е ова најопасниот човек во Велика Британија?

Точка

19/05/2017

19:43

3.694

Големина на фонт

а а а

Новинарот Тим Адамс од The Guardian во неодамнешна статија ја раскажал приказната за човекот кој стои на чело на еден од највлијателните медиуми во Велика Британија, Пол Дакре.

„Брегзит пред една година толку не` изненади, што и ден денес не знаеме како да реагираме на сето тоа. Во мај и јуни минатата година во времето на референдумот за излезот на Велика Британија од Европската унија, целото внимание се насочи на вестите во весниците. Особено се истакнуваше Daily Mail, кому главен уредник му е Пол Дакре“, вели Адамс во стадијата.

„Големите весници можат силно да влијаат на формирањето на јавното мислење, а поранешниот британски премиер Дејвид Камерон во февруари минатата година му рекол на тогашниот политички уредник на Daily Mail Џејмс Слек, да бидат поблаги во тој весник кон неговиот договор со ЕУ за Велика Британија да остане во унијата.“

Политичките ставови на Дакре

„Но, се случи токму спротивното. Тие жестоко го нападнаа на насловните страници, а тврдеа дека евроскептичните политичари се обидуваат да го замолчат. Во следните неколку месеци нетрпеливоста помеѓу владата на Камерон и весникот на Дакре дополнително се влоши. Главниот уредник и весниците со тек на време почнуваат да личат еден на друг, а Daily Mail веќе 25 години се наоѓа под диктатурата на Дакре. Не ја сака технологијата, а секојдневно остро ги анализира и уредува вестите на своите вработени со тап молив. 

Но, неговиот бес поради неуспешната приказна е неспоредлив со неговата омраза кон либерализмот, иако пораснал во многу либерално окружување. Неговиот татко бил новинар во елитниот Fleet Street, каде што и Дакре ја добил својата прва работа. И покрај елитното воспитување и начин на живот, за себе тврди дека има „посебно чувство за обичните луѓе“. Daily Mail му донесе голем успех, а наводно сопственикот на весникот Лорд Ротермор, кој не се согласува целосно со неговите политички ставови, наредил никој да не се меша во работата на Дакре, бидејќи неговиот начин на работа му носи многу пари“, пишува во статијата.

Влијанието на весниците

„Сепак, ниеден весник не е имун на ширењето на интернетот. Во мај минатата година цената на акциите им падна за 10 отсто и Ротермор јавно проговори за исплатливоста на веб страниците наспроти хартиеното издание на весникот. Тоа го принуди Дакре да ги засили нападите врз Камерон. Тука може да се набљудува силата на медиумското влијание врз читателите, бидејќи весниците се фокусираа најмногу на ширење страв од инвазија на имигранти. Ден за ден се нижеа вести за отворените британски граници, имигрантите кои доаѓаат од ЕУ, имигранти кои направиле разни злосторства и слично. 

Според Daily Mail, сите нив ги довел Камерон со својата влада. Од друга страна, само еднаш во тој период пред референдумот, на насловната страница се најде друга тема. Тоа беше убиството кое го изврши националистот Томас Мер, а ја убил Џо Кокс, пратеничка која го поддржувала доселувањето на имигрантите. Тој се оправдуваше со ментална болест и страв дека поради доселувањето на мигрантите ќе му се одземе сместувањето, а неговата врска со радикалната десница се стави во втор план. По референдумот, во весниците на широко се пишуваше за Брегзит. Додека поранешниот шеф на Дакре, Сер Дејвид Инглиш не беше евроскептик како Маргарет Тачер, за што често се расправаше со неа. Дакре во целост се согласува со Тачер, па во весниците често се прашуваше кој ќе ја наследи.

„По оставката од Камерон, откако Тереза Меј ја превзеде власта, Daily Mail секогаш ја прикажуваше како војник кој се бори за Британија, а на големо ги напаѓаше јавните личнсоти како Тони Блер или Џ.К.Роулинг, кои се залагаа за Брисел и доселување на мигрантите“, заклучува Адамс во статијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг