Револуција од Кина го шокираше светот: Пронашле замена за нафта и гас

Точка

19/05/2017

16:31

6.563

Големина на фонт

а а а

Кинеската влада објавила дека дошла до напредок во енергетскиот сектор: во оваа земја прв пат во светот е добиен таканаречен запалив мраз, кој може да ги замени нафтата и гасот.

Министерот за земја и природни ресурси, Џанг Даминг, изјавил во соопштение објавено на сајтот на кинеската влада дека "овој голем напредок може да доведе до глобална енергетска револуција". 

Според неговите зборови, 20-годишните обиди да се добие запалив мраз конечно вродиле со плод во Јужното кинеско море, каде пред 10 години, во 2007., било откриено наоѓалиште. 

"Меѓународната научна заедница предвидува дека гасниот хидрат претставува најдобра замена за нафтата и природниот гас", стои во соопштението од владата. 

Потсетуваме, според кинеските проценки, резервите на запалив мраз се еквивалентни на најмалку 35 милијарди тони нафта, што може да ги обезбеди потребите на Земјата со гориво за 90 години. 


Запаливиот мраз е всушност замрзнат природен гас, хидрат на метан. Во еден негов кубен метар се наоѓаат 164 кубни метри обичен гас, со многу помалку примеси. Досега Кина произвела 120.000 кубни метри запалив мраз, кој е изваден од море, од длабочина од 1.266 метри, во близина на Хонг Конг. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг