Nio EP9 електричниот супер автомобил го „уништи“ рекордот на Нирбургринг

Точка

19/05/2017

19:11

3.245

Големина на фонт

а а а

Веќе одамна ни е јасно дека електричните автомобили се иднината, а покрај тоа што се економични и не ѝ штетат на животната средина, тие можат да се пофалат и со огромната моќ.

За Nio EP9 дефинитивно може да се каже дека спаѓа во онаа категорија на електрични автомобили кои што можат да се пофалат со бруталната сила, па откако пред неколку месеци ја покори електричната конкуренција на германската патека популарно наречена „Зелениот пекол“, овој пат ја покори и бензинската.

Nio EP9, електричниот супер автомобил со импресивни 1360 коњски сили, со рекордно време од 6 минути 45 секунди и 90 стотинки стана апсолутен рекордер на Нирбургринг, односно го собори рекордот кој досега го држеше Lamborghini Huracan Performante за повеќе од 6 секунди.

Погледнете го рекордниот круг на овој електричен „куршум“ од Кина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг