Државниот удар кој ќе го потресе целиот свет: Дали Трамп ги брои последните денови како претседател на САД?

Точка

19/05/2017

18:30

8.844

Големина на фонт

а а а

Аналитичарите до неодамна се прашуваа дали Доналд Трамп ќе издржи до крајот на својот мандат, а после се што се случи во последните неколку седмици и низата на скандали кои ја потресоа Белата куќа, многумина се прашуваат дали Трамп ќе остане на власт и во следните месеци?

Откако стана претседател на најмоќната држава на светот, стана јасно дека Доналд Трамп ќе мора да ги следи националните интереси, а не личните желби, па според многумина, уште на почетокот за него имаше само две сценарија: Или ќе ѝ се подреди на „длабоката држава“, или пак таа „длабока држава“ ќе го отстрани од власт.

Нешто повеќе од 100 дена траеше превирањето од едното во другото сценарио, па иако Трамп направи некои отстапувања, се чини дека повеќе преовладува второто сценарио. Само во последните 24 часа, во фокусот на американските медиуми еден поим се прошири како пожар, а тоа е „импичментот“.

Овој збор за експресно кратко време се „лизна“ од доменот на теоретичарите на заговор до самиот врв на мејнстримот. Аналитичарите се согласни во една работа - операцијата за отстранување на Доналд Трамп од претседателската функција е започната со полна пареа, а државниот удар ќе го потресе целиот свет.

Дека на Трамп му се тресе тлото под нозете тоа е веќе сосема јасно. Низата на скандали ја потресоа Белата куќа толку многу што денес во САД речиси сите медиуми упатуваат остри критики кон него. Медиумските личности кои што отворено го критикуваат Трамп се практично портпароли на таканаречената „длабока држава“ која што практично е активна во речиси сите држави на светот, освен можеби во државите во кои што владее диктаторски режим.


Не така одамна масите се информираа преку строго контролирани медиуми, но денес кога сировата, нефилтрирана и неконтролирана информација може да се пробие низ интернетот, контролирањето е далеку потешко. Но, големите корпорации и разузнавачки служби кои што практично се столбот на таа „длабока држава“ веќе работат на тоа - големите американски корпорации како што се Гугл и Фејсбук веќе активно работат на елиминирање на информациите кои што популарно се нарекуваат „лажни вести“.

Доналд Трамп победи затоа што лукаво го искористи тој проток на информации на интернет. Победи со своите статуси на Твитер каде што популистички пласираше ставови кои што обичниот Американец сакаше да ги слушне и доби важни политички поени.

Сепак, тука се наметнува и прашањето кое што денес упорно ѝ се сервира на американската јавност - дали всушност Русите му помогнаа на Доналд Трамп да победи на претседателските избори. Се разбира, за тоа докази се уште нема, иако во ФБИ активно трае истрагата околу тоа.

Се претпоставува дека руските хакери наводно упаднале во компјутерите на Демократската партија и мејловите биле објавени преку Викиликс. Но, факт е дека се уште нема конкретни и цврсти докази за тоа, а со самата смена на Џејмс Коми од челната позиција во ФБИ, Доналд Трамп уште еднаш и застана на патот на „длабоката држава“, а во меѓувреме пред американскиот народ создаде впечаток дека го брка Коми од ФБИ за да не му ги открие врските со Москва.


Јасно беше дека Трамп нема да се држи до сите свои предизборни ветувања, но постоеше надеж дека тој барем ќе ги подобри заладените односи со Русија и ќе помогне во создавањето во еден партнерски однос помеѓу Вашингтон и Москва. Но, моќниот воено-индустриски комплекс едноставно не може да дозволи едно такво сценарио.

Зошто? Како ќе биде оправдано вложувањето во американската армија, ако за САД не постои еден голем конвенционален непријател. Има ли подобра земја од Русиј за тоа? Очигледно е дека не, затоа што Русија како „непријател“ и натаму е заслужна за постоењето на бројни актери - од големата американска воена индустрија до НАТО Алијансата.

Сите се сеќаваме дека Трамп за време на неговата предизборна кампања токму НАТО Алијансата ја нарече застарена. Во случај на тоа САД и Русија да станат партнери, тогаш постоењето на овој воен сојуз едноставно ќе го загуби смисолот, па тоа едноставно не смее да се случи.

Трамп е моќен во Америка, но не е ниту приближно моќен како „длабоката држава“. Ако тој помислил дека ќе победи во битката, тогаш бил многу наивен. Тој би можел да победи само ако во САД избие некаква граѓанска војна, а неговата страна не биде поразена, но избивањето на граѓанска војна во САД е практично невозможна работа.

Едно од пореалните сценарија е Трамп, кој деновиве ќе започне да чувствува дека губи се, би можел да стане Трамп кој е подготвен да направи нешто многу опасно за да се спаси, а тоа е војна. Имено, единствено тој успеа да земе здив од медиумскиот линч е кога нареди ракетирање на Сирија. Тогаш „длабоката држава“ застана и на некој начин индиректно му порача дека ако продолжи така, тогаш неговата позиција како претседател на државата ќе биде мирна.


Трамп веројатно е свесен за тоа, па сега би можел да изведе нов напад за да го одврати вниманието од себе. Кандидати постојат многу, но најголем ефект се чини дека би можела да постигне воената интервенција во Северна Кореја. Тоа би било едно страшно сценарио, затоа што во игра тука се двете Кореи, Јапонија и Кина, па сириската граѓанска војна во еден таков можен нуклеарен хаос би изгледала како „тепачка меѓу деца“.

Дали Трамп е подготвен да го стори тоа? Тоа со сигурност не може да се знае, но од искуството кое што Сирија го имаше со Трамп, стана јасно дека тој знае да носи брзи и неочекувани одлуки. Јасно е дека нешто ќе се случи во следниот период, па останува да видиме каков ќе биде потегот на американскиот претседател.

Некои аналитичари предвидуваат дека Трамп би можел самиот да поднесе оставка кога ќе сфати дека не е во состојба да ја води државата во една ваква атмосфера, а со тој потег тој на некој начин ќе се обиде да ги спаси своите бизниси. Во тој случај „длабоката држава“ ќе го остави во мира, па тоа е едно од можните сценарија.

Сепак, тоа секако ќе биде државен удар, но само на еден поубав и поприфатлив начин за сите, се разбира, освен за Трамп.

Може ли да биде избегнат државен удар? Се разбира дека може, но тоа зависи од Трамп. За да остане на власт, тој едноставно ќе мора да ѝ се потчини на „длабоката држава“, а тоа значи дека во иднина нема така да се смее со Лавров во Овалната соба додека му предава доверливи информации.

Дали тој може да ја порази „длабоката држава“? Апсолутно не. Токму поради тоа Соединетите Американски Држави се најмоќната држава на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг