Фејсбук за преведувањето на статусите ќе користи вештачка интелигенција

Точка

19/05/2017

13:48

1.301

Големина на фонт

а а а

Најголемата социјална мрежа на светот планира во иднина за преведување да користи вештачка интелигенција.

Големите компании како Фејсбук, Твитер и Гугл веќе на самиот почеток ја препознаа потребата своите производи и услуги да ги нудат на што е можно повеќе светски јазици. Но, преведувањето на едни такви големи системи бара вложување на труд и секако време.

Досега Фејсбук за преведување ги користеше услугите на своите корисници, но се чини дека работите во иднина би можеле да се променат. Имено, тимот на Фејсбук кој се занимава со истражување на вештачката интелигенција (FAIR) објави на својот блог дека е завршено истражувањето со кое што сакале да ја зголемат ефикасноста на преведувањето на различни јазици.


Новиот пристап кој според нив е девет пати побрз од актуелниот, се темели на „невронски мрежи“, или "CNN". Кога станува збор за "CNN", тоа се смета за клучен пристап во развојот на автоматизираното препознавање на јазикот, гласот и фотографиите.

За разлика од претходните пристапи кога системот преведуваше збор по збор, овој систем ги преведува сите зборови истовремено користејќи ја вештачката интелегенција за што попрецизно преведување. Според многумина, овој систем размислува исто како и луѓето, па наместо да понуди буквален превод на реченицата, по неколку пати ја анализира за преводот да биде што е можно поточен и да има смисол.

Иако овој начин на преведување и натаму не е имплементиран, од "FAIR" се надеваат дека наскоро ќе пристигне на најголемата социјална мрежа на светот. Со тоа би се подобрило преведувањето на статусите, а ќе биде овозможено и преведување на разговорите во реално време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг