Вучиќ не го интересираат навредите на Заев: Ја чекаме Македонија на гласање во УНЕСКО

Точка

19/05/2017

11:35

8.435

Големина на фонт

а а а

Александар Вучиќ рекол дека за него секогаш било поважно како некој се однесува кон Србија, отколку кон него лично.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил денес дека не го интересираат навредите кои, како што вели, му ги упатил мандатарот за состав на новата влада на Македонија, Зоран Заев, и порачал дека ќе суди по делата, односно по тоа како Македонија ќе се постави кога ќе има гласање за прием на Косово во членството на УНЕСКО. 

"Кога ќе дојде гласањето во УНЕСКО, тогаш ќе видиме дали ќе го исполните тоа што го кажавте", рекол Вучиќ. 

Тој додал дека за разлика од Заев, не сака да зборува што мисли за него, бидејќи, како што рекол, не е негова работа да излегува со своите ставови, туку тоа треба да го направат граѓаните на Македонија. 


"Тој ја претставува втората по големина партија во Македонија. Ќе има можност да формира влада. Ќе видиме, ќе судиме по делата. Не ми пречи што ме навредуваше мене лично, тоа зборува повеќе за него отколку за мене. Не брзам да одговарам на таков начин", рекол Вучиќ. 

Премиерот истакнал дека уште не е добил одговор кога раководството на Србија се однесувало националистички и шовинистички. 

"Уверен сум и дека нема ни да го добијам тој одговор, бидејќи тоа не се случило. Веројатно тоа на некого му било потребно во некој момент", заклучил Вучиќ. 


Вучиќ додал и дека не сака да ги коментира односите во Македонија и нагласил дека единствено го интересира "да ја остават Србија на мир". 

"Ние немаме никакви проблеми, тие нека си ја работат својата работа. Би имал и би знаел што да кажам, различни ми се проценките на подолг и пократок период, но јас сум мал човек за нив. Тие знаат подобро од мене. Им ја посакувам сета среќа. А тоа што не престануваат да ме споменуваат, што да правам, тоа веројатно не е до мене", рекол Вучиќ. 


Запрашан како "затегнатите односи" ќе се развиваат по именувањето на Заев на функцијата на премиер, Вучиќ рекол дека односите не се затегнати. 

"Ние немаме затегнати односи и јас молчам и од мене не сте слушнале ниедна изјава по прашањето за Македонија. Ако сум критикувал, тоа било бидејќи го поддржале влегувањето на Косово во УНЕСКО. Се друго е одговор на навредите кои ги изнесуваше Заев. Имаме нормални економски и трговски односи. А тоа да искажувам некаков восхит, не се чувствувам така, и не знам зошто би го правел тоа", рекол Вучиќ. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг