Опасен инцидент во Сирија: САД повторно ја бомбардирале војската на Асад, изговорот неверојатен

Точка

19/05/2017

09:26

3.636

Големина на фонт

а а а

Американските авиони бомбардирале денес конвој сириски сили кај границата со Јордан, оценувајќи дека конвојот може да претставува закана за коалициските сили кои се борат против џихадистите на ИСИС во Сирија, изјавил за "France Presse" неименуван американски службеник.

Конвојот не одговорил на предупредувањата да не се приближува премногу блиску до силите на коалицијата во областа Танф на југот на Сирија, каде се наоѓа камп на сириски бунтовници кои имаат поддршка од САД, рекол тој службеник. 

"Извршен е напад. Тој бил против владините сили кои делуваат во близина на Танф. Овие провладини сили делувале во рамките на утврдена зона на деескалација", рекол и портпаролот на Пентагон за Sputnik

Според неговите зборови, "командантот на терен сметал дека овие сили претставуваат закана за коалицијата силите". 

Во понеделник "Масдр Њуз" јавил дека војниците на сириската арапска војска заедно со припадниците на локалните сили поврзани со ирачките народни единици, се подготвуваат го повратат граничниот премин Танф од ИСИС. 

Медиумските извештаи наведуваат дека сириските бунтовници изразиле загриженост, бидејќи сириската војска се наоѓала "преблиску" до американските специјални сили во Танф. 

Ова не било прв пат коалицијата предводена од САД намерно или случајно да ја нападне сириската војска која се бори против ИСИС. 

Во раните утрински часови на 7. април, СДА лансирале 59 ракети "томахавк" на сирискиот воен аеродром во Шаират, кој се наоѓа на околу 40 километри од Хомс. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг