Најавен е смртоносен земјотрес во Истанбул: Би можело да има илјадници жртви, а ќе имаат само неколку секунди за реакција

Точка

18/05/2017

19:33

5.446

Големина на фонт

а а а

Научниците ги предупредуваат жителите на Истанбул да се подготват бидејќи ги очекува ненадеен и силен земјотрес кој ќе остави стотици илјади луѓе без покрив на главата.

Епицентарот на земјотресот во областа на Северноанатолиската тектонска зона би можел да тропа на вратата од градот, предвидуваа научниците.

Овој земјотрес би можел да биде катастрофален за Истанбул токму поради близината на епицентарот, па жителите на градот ќе имаат само неколку секунди за да се засолнат на безбедно.

Областа на земјотресот веќе од претходно е позната како нестабилна, известува Daily Mail.


Делот во кој се очекува да биде епицентароте т.н. Мраморен пресек кој нема произведено поголеми земјотреси од 1766 година, но е познат по големите тектонски движења и пукнатини кои се случуваат на секои 250 години, што е забележано според историските белешки.

Иако во областа на градот во изминатите години не се забележани значителни промени, на периферијата од градот и околината, повремено биле почувствувани помали потреси, што го потврдува фактот дека дошло до акумулација на тектонска енергија и се зголемила можноста за поголем земјотрес во околната област.

Истражувањето кое го води Марко Бонхоф од GFZ Германскиот центар за Геофизика, претпоставува дека следниот голем земјотрес најверојатно ќе се случи во Истанбул, конкретно во Мраморното Море, што за жителите на градот е и добро и лошо.


„Тоа се добри вести, бидејќи ширењето на пукање на плочата ќе продолжи во насока источно од Истанбул, односно подалеку од градот и неговите 15 милиони граѓани. Лошата вест е тоа што земјотресот секако ќе биде близу и ќе биде силен, а жителите ќе имаат само неколку секунди по предупредувањето за да се подготват и да се скријат на безбедно место.“

Раните предупредувања се исклучително важни со цел на време да се регулира прометот, палењето на црвени светла на семафорите, затворање на мостовите и тунелите и останати критични инфраструктури.

Обединетите Нации проценуваат дека земјотресот ќе биде помеѓу магнитуда од 7.5 (најверојатното сценарио) и 7.7 (најлошото сценарио) – а, тој би можел да усмрти помеѓу 70.000 до 90.000 луѓе, пишува Daily Mail.

Се проценува дека земјотресот ќе предизвика штета од 40 милијарди долари со околу 500 до 600 илјади луѓе кои ќе останат без дом и сместување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг