Груевски: Заев беше принуден и ставен во ќош да ги потпише гаранциите

Макфакс

18/05/2017

16:32

7.438

Големина на фонт

а а а

Според Груевски македонската јавност добро го познава Зоран Заев, дека не може да му се верува на зборот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане со отворени очи и доколку Заев мрдне од патот за кој има потпишано гаранции, тие ќе реагираат жестоко.

Добро е што со здружени напори, напори на граѓаните кои што секојдневно 70-80 дена протестираа, напори на ВМРО-ДПМНЕ и на нашата пратеничка група, напори на претседателот на државата, со здружени напори успеавме да дојдеме до ситуација кога Зоран Заев беше принуден, ставен во ќош да потпише еден таков документ, како што никој досега кој што барал мандат од претседателот, ниту имало потреба, ниту се помислувало да има потреба да го потпише, но имајќи ги во предвид неговите ставови и ветувања, се покажа како неопходно – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.


Коментирајќи го потпишувањето на гаранциите на лидерот на СДСМ Зоран Заев кај претседателот Ѓорге Иванов, за доделување на мандатот за формирање Влада Груевски рече дека „со потпишувањето се гарантира дека нема во иднина да се наруши унитарноста на државата и тоа е одлично, тоа е многу добро, затоа што тоа и беше главната цел, да се спречи разградување на унитарноста на Република Македонија, нешто што гледавме од изјавите и на самиот Заев и во Сараево и во други негови изјави. Како и од изјавите на ДУИ, претставниците на ДУИ и на други партии од албанскиот блок, дека беше тргнато во тој правец“. 

Според Груевски македонската јавност добро го познава Зоран Заев, дека не може да му се верува на зборот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане со отворени очи и доколку Заев мрдне од патот за кој има потпишано гаранции, тие ќе реагираат жестоко.


– Доколку измрда, тргне кон друг пат, различен од оној за кој вчера даде гаранции и ветувања, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко во склад на демократските можности и ќе се спротистави, а верувам дека и сите други ќе го направат тоа. Така што, заклучокот е дека е одлично што дојде во ситуација да мора да го потпише ова и да го прочита пред сите граѓани, а исто така важно е да продолжиме да ја следиме ситуацијата за да не дојде до застранување повторно од овој правец, изјави Груевски. 

Груевски кажа дека сè што се случувало во изминатиов период, немало да се случи, доколку Заев не влегол во разни комбинаторики и ветувања за остварување на Тиранската платформа. Многу непријатности ќе беа избегнати доколку Заев ја прифатеше понудата на победничката партија на изборите ВМРО-ДПМНЕ. Тој напомена и дека партијата има план и дека имаат подготвени чекори за во иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг