Ги исфрлила овие намирници од исхраната и мозолчињата почнале да исчезнуваат

Точка

15/05/2017

20:02

9.221

Големина на фонт

а а а

Сега нејзиниот тен е многу позрав и понежен, а Рејчел истакнува дека и понатаму ќе се грижи за исхраната, како и за здравјето на кожата.

22 – годишната Рејчел Кревли одлучила јавно да го сподели своето искуство во лекувањето на акните, но и за проблемите со кои се соочувала поради осуда и исмејување од своите врсници.

Во искреното обраќање, младата девојка истакнала дека после долго омаловажување, одлучила да направи нешто за себе и конечно да направи некои промени.


Па така, освен што и` посветила посебна нега на кожата, и` посветила внимание и на својата исхрана.

Прво почнала да експериментира, за да утврди кои намирници и` одговараат од прилика, кога сфатила дека шеќерот е еден од главните виновници кој кај неа поттикнува зголемено создавање на акни и мозолчиња.

Освен шеќерите, на овој проблем негативно влијаеле и јаглехидратите, а интересно е тоа што дури и оние кои се познати како здрави јаглехидрати (како интегрален ориз и овесна каша), исто така имале лошо дејство.


Кога престанала да ги јаде, забележала неверојатни промени. „Само три дена откако престанав да ја јадам споменатата храна и го зголемив внесот на масти (здрави масти) – акните престанаа да се појавуваат“, раскажала Рејчел воодушевено.

После краток период на испробување различни намирници, сфатила дека за здравјето на нејзината кожа најмногу одговара веганската исхрана.


Покрај зеленчукот кој најмногу е застапен во нејзината исхрана, таа и понатаму себеси се почестува со здрави слатки, како што се колачиња од какао и путер од кикирики.

„Кога ќе го исфрлите шеќерот од вашата исхрана, вашите вкусови се менуваат и повеќе ја немате онаа силна потреба за слатки“, додала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг