Кајли Џенер со последниот едиторијал ни покажа колку е всушност вештачка

Точка

12/05/2017

20:06

7.558

Големина на фонт

а а а

Иронично, едиторијалот бил инспириран од најпознатата кукла во светот, Барби, која е пластична речиси исто како и 19 – годишната ријалити ѕвезда.


Младата старлета се фотографирала за познатиот магазин „Flaunt”. Како инспирација за едиторијалот послужила најпознатата кукла во светот, Барби, за која може да речеме дека изгледа подеднакво пластично како и Кајли Џенер.


Иако до неодамна беше мало, повлечено девојче, без истакнати облини и гигантски усни, Кајли морала некако да се пробие покрај своите славни сестри, па одлучила да го направи тоа со многу пластични операции. Разликата е неверојатна.


Малку по малку, освен тоа што почна да објавува секси фотки на социјалните мрежи и се фотографираше за насловните страници за разни магазини за да добие внимание, Кајли полека почна да гради и сопствено царство за шминки, а многумина и` предвидуваат поголем успех од оној кој го постигнаа нејзините постари полусестри и сестрата Кендал.

Со последниот едиторијал за споменатиот магазин, Кајли уште еднаш ни покажа колку е всушност вештачка, а под фотографијата која ја објавила на Инстаграм, самата се пошегувала на сопствена сметка. "Life in plastic it's fantastic", напишала старлетата во описот на фотографијата, а станува збор за стихови од некогаш мегапопуларната песна од бендот Aqua, "Barbie Girl".

На вас ќе оставиме да пресудите колку пластика има во нејзиниот живот...




Спонзорирани линкови

Маркетинг