Тешкиот живот на славните ѕвезди: Денес имаат милиони, а претходно спиеле на клупи и во автомобили

Точка

12/05/2017

17:12

5.791

Големина на фонт

а а а

Некои славни личности поминувале низ многу тешки времиња пред да се „закотват“ во Холивуд и да станат успешни, па така, во своите почетоци дури живееле и без покрив на главата.

Џенифер Лопез

Кога наполнила 18 години, Џенифер сакала да стане танчерка, но нејзината мајка Гвадалупе не го одобрувала нејзиниот избор на професија, бидејќи сметала дека е поважно да заврши факултет. После жестока расправија, Џенифер го напуштила својот дом, а бидејќи не можела да си дозволи изнајмување на стан, неколку месеци спиела на каучот во студиото за танц.

Ед Ширан  

Во книгата „Ed Sheeran: A Visual Journey“, која ја објави во 2014 година, пејачот ја откри тажната вистина за неговото минато. Пред да стане популарен, често спиел во воз, на клупи во паркот пред Бакингемската палата или во дневните соби на своите пријатели и познаници.

Џим Кери  

Откако неговиот татко останал без работа, Џим заедно со семејството живеел во комби. Некои ноќи ги поминувале во шатор пред куќата на постарата сестра од Џим, но претежно спиеле и возеле. Познатиот актер често напоменува дека токму за време на тој тежок период ја развил својата смисла за хумор.

Хали Бери  

Кога од својот роден Кливленд дошла во Њујорк со сон да стане актерка, нејзината мајка Џудит Ен одлучила дека повеќе нема финансиски да и` помага. Во тие тешки моменти Хали спиела во прифатилишта за бездомници.

„Тоа искуство ме научи да се грижам за себе. Научив дека можам да преживеам во било каква ситуација во животот. Станав личност која знае дека ќе го исполни она што го зацртала“, рекла оскаровката за магазинот „People”.

Лил Ким  

Со оглед на тоа што таткото на раперката бил насилен, таа и нејзината мајка морале да побегнат од семејниот дом кога Лил Ким имала само 8 години. Целосно без пари, спиеле на задното седиште на автомобилот од нејзината мајка неколку месеци пред повторно да „застанат на нозе“.

Курт Кобејн  

Прерано починатиот фронтмен на култниот бенд Нирвана некое време бил толку сиромашен, што спиел под мостови и во чекални на локални болници.

Хилари Свонк  

Хилари живеела во камп – приколка сè додека како 15-годишна девојка не отишла во Лос Анџелес со нејзината мајка за да си ја проба среќата во актерството. На аудициите се јавувала телефонирајќи од говорници сè додека не добила некои помали улоги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг